Очекувањата во врска со растот на потрошувачките цени во Соединетите Американски Држави за следната година се зголемија на 3,2 проценти во август, што е највисоко во последните три месеци, објави денес Федералната резервна банка на Њујорк.
Ова е зголемување во споредба со 3,1 процент во јули, објави „Трејдинг економикс“.
Просечната очекувана промена на инфлацијата во текот на следната година беше непроменета за горивото и храната трет месец по ред, а се намали за трошоците за високо образование, киријата и трошоците за медицинска нега.
Во меѓувреме, очекувањата за инфлација за тригодишниот и петгодишниот период останаа непроменети на 3,0 проценти и 2,9 проценти.
Просечната веројатност за наоѓање работа по губењето на тековната работа значително се намали за 5,8 проценти на 44,9 проценти, што е најниско од јуни 2013 година.
Медијалните очекувања дека стапката на невработеност во САД ќе биде повисока за една година се зголемија за 1,7 процентни поени, на 39,1 процент.
Кога станува збор за домаќинствата, очекуваниот раст на приходите остана непроменет во август втор месец по ред, на 2,9 проценти, додека растот на потрошувачката се зголеми за 0,1 процентен поен, на 5,0 проценти.



