ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп подготвен за втората фаза санкции против Русија

Трамп подготвен за втората фаза санкции против Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да ја започне втората фаза од санкциите против Русија поради конфликтот во Украина.

Американскиот претседател го објави тоа во Белата куќа.

„Да“, рече Трамп кога беше прашан од новинарите дали е подготвен да премине на втората фаза од санкциите против Русија.

Порано во текот на денот, американскиот министер за финансии, Скот Бесант, изјави дека САД се подготвени да го зголемат притисокот врз Русија со санкции за да ја принудат Москва да склучи мировен договор со Украина, но сакаат ЕУ да се придружи на напорите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП