ПочетнаКОМПАНИИОсигурителните компании не заработуваат од кор-бизнисот, туку од инвестициите

Осигурителните компании не заработуваат од кор-бизнисот, туку од инвестициите

Финансиските резултати на неживотното осигурување за првата половина од 2025 година јасно покажуваат дека основната дејност – продажбата на полиси и управувањето со ризик, не генерира профит.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 5,94 милијарди денари (+7,2%), од кои најголем дел доаѓаат од заработената премија (5,1 милијарди денари, раст од 7,2%). Сепак, расходите за штети (2,34 милијарди денари), трошоците за спроведување на осигурувањето (2,56 милијарди денари) и останатите технички трошоци ја надминуваат премијата, што значи дека техничкиот резултат од осигурителното работење е негативен.

Со други зборови, доколку осигурителните компании се потпираа исклучиво на приходите од премии, нивниот биланс ќе завршеше во минус.

Она што ја спасува сликата се приходите од вложувања, кои достигнаа 304 милиони денари (+3,6%). Најголем дел доаѓаат од каматни приходи (206 милиони денари) и позитивни курсни разлики (10,5 милиони денари).

Благодарение на овие финансиски приходи, добивката пред оданочување достигна 496,7 милиони денари, што е раст од 43% во однос на првата половина од 2024 година. Нетo добивката по оданочување изнесува 486,6 милиони денари, односно раст од 41,4%.

Основната дејност на осигурителните компании, премија и штети, е структурно непрофитабилна.

Вистинската добивка доаѓа од финансиските вложувања, а не од продажбата на осигурителни полиси. Управувањето со инвестициите станува клучен фактор за профитабилноста на индустријата.

Овој тренд отвора важна дискусија, односно колку долго моделот на покривање на минусот од кор-бизнисот со приходи од инвестиции е одржлив, особено во услови на нестабилни финансиски пазари и растечки трошоци за штети.

С.Б.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП