Факт е дека компаниите сакаат креативни луѓе. Но, понекогаш ентузијазмот знае да излезе од контрола. На социјалните мрежи се појави писмо за одбиена кандидатура во Kaufland Бугарија, кое покажува што може да се случи кога кандидатот ќе понуди „малку повеќе“ идеи од очекуваното.
Еве дел од предлозите на кандидатот во мотивациското писмо:
- Наместо колички – електрични тротинети во продавниците
- Целиот менаџерски тим да се замени со „другари од маало“
- Ребрендирање во Kaufland Ultra – 24/7 со жива музика
Реакцијата на HR тимот била благодарност за ентузијазмот, но и порака дека „апокалиптичните“ идеи не се баш најдобар начин да се мотивира компанија.
Овој пример е интересна илустрација за тенката линија меѓу креативноста и претераноста во мотивациските писма. Да, компаниите сакаат свежи идеи, но сепак во рамките на реалноста и корпоративната култура.
Ви го споделуваме меилот кој му е испратен од HR тимот:
Kaufland Бугарија ДООЕЛ
From: [email protected]
To: Костадин Иванов
Subject: Вашата кандидатура за Главен извршен директор
Почитуван г-не Иванов,
Ви благодариме за интересот и кандидатурата за позицијата Главен извршен директор на Kaufland Бугарија. Вашиот ентузијазам и креативност беа ценети, но некои предлози во вашето мотивациско писмо предизвикаа сериозни загрижености:
Реченицата: „Како прво дејство ќе ги заменам сите колички во продавницата со електрични тротинети“ беше оценета како… апокалиптична.
Вашата идеја да го замените целиот менаџерски тим со „пријатели од маалото, затоа што ви се другари“ беше сметана за ризична.
Вашиот предлог да се направи брендот „Kaufland Ultra – 24/7 со музика во живо“ беше примено како нарушување за корпоративниот имиџ.
И покрај тоа што ја цениме вашата смелост, решивме да продолжиме понатаму со потрадиционален кандидат – таков, кој не побара 70% удел од компанијата „за мотивација“.
Ви посакуваме успех во идните ангажмани!
Тим „Kaufland Бугарија Global Leadership“




