ПочетнаЕКОНОМИЈАВонредна состојба на пазарот на недвижности во САД?

Вонредна состојба на пазарот на недвижности во САД?

Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп би можела да прогласи вонредна состојба во станбениот сектор оваа есен.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп би можела да прогласи вонредна состојба во станбениот сектор на Соединетите Американски Држави оваа есен, изјави американскиот министер за финансии, Скот Бесант. Тој рече дека сè уште бараат решенија, но дека не сакаат директно да се засегнат по надлежноста на федералните држави, окрузите и локалните самоуправи.

Како што изјави за „Вашингтон егзаминер“, достапноста на домувањето ќе биде едно од клучните прашања на републиканската кампања за изборите во 2026 година.

Бесент не ги прецизираше конкретните мерки што Трамп планира да ги преземе, но спомена дека Белата куќа разгледува стандардизација на локалните прописи за градење и урбанистичко планирање, како и намалување на трошоците за склучување договори за продажба, објавува „Блумберг“.

Доналд Трамп веќе ги искористил вонредните овластувања за да го заобиколи Конгресот, особено при наметнување повисоки увозни тарифи, кои наидоа на отпор во американските федерални судови. Сега повторно разгледува слично решение за ублажување на кризата на американскиот пазар на недвижности.

Високите каматни стапки, кои Трамп често ги критикува во своите напади врз Федералните резерви, дополнително ги оптоварија клиентите и ја влошија состојбата на пазарот.

Пандемијата на коронавирусот дополнително ги зголеми нееднаквостите на пазарот на станбени недвижности и ги зголеми трошоците за изнајмување, а на потенцијалните купувачи им е сè потешко да најдат свои станови.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП