ПочетнаЕКОНОМИЈАГенерацијата Зет е похрабра и почнува со инвестиции на 19 години!

Генерацијата Зет е похрабра и почнува со инвестиции на 19 години!

Се почесто младите луѓе од таканаречената Генеразија Зет се одлучуваат да станат инвеститори и тоа на нивна возраст. Ваквата сериозна одлука не беше пракса порано.

Пред само една деценија, инвестирањето често се поврзуваше со постарата генерација, и тоа луѓе кои веќе изградиле кариера, создале капитал и имале доволно искуство и средства за да размислуваат за акции или да прават пензиски планови. Но, денес, сликата е драстично поинаква. Новата генерација инвеститори, особено Генерацијата Зет започнува со вложувања порано од кога било. Според меѓународни истражувања, просечната возраст на која Gen Z започнува со инвестирање е само 19 години во споредба со 25 години кај Mиленијалците или над 30 години кај генерацијата Х и Baby Boomers.

Според познавачите, овој феномен не е резултат на игра на случајот. Тој е резултат и последица на комбинација од нови технологии, поинакви животни и професионални приоритети кои произлегуваат од специфичната културна психолошка динамика кај младите, но и од глобалните економски услови. Прашањето кое логично се наметнува е: зошто младите толку рано влегуваат во светот на инвестициите и какви можности носи тоа? Од друга страна според истражувањата 60-70% од Gen Z како три најголеми препреки за инвестирање ги истакнуваат: недостигот на финансиски средства, неусогласеноста на нивните финансиски цели и рочноста на инвестирањето, како и незнаењето и стравот.

Во споредба со постарите генерации, Gen Z има различен пристап кон финансиските информации. Нивниот став е дека наместо да бараат совети од банки или институции, тие се повеќе се потпираат на информации достапни на социјалните мрежи, пријателите и семејството. Дигитализацијата игра клучна улога, дури 65% од младите инвеститори користат мобилни апликации и дигитални платформи. Тие најчесто започнуваат со мали суми, или микроинвестиции, кои постепено, со текот на времето, ги зголемуваат.

Тоа што е особено интересно е што како прв чекор кон инвестирањето, речиси половина од младите избираат криптовалути. Познавачите велат дека главната причина е љубопитноста, желбата да испробаат нешто ново, возбудливо и технолошки современо. Дополнително, психологијата е силен фактор кој влијае на одлуката, односно многу млади признаваат дека мотив за вложување е и адреналинот, чувството на натпревар со врсниците или можноста да стекнат статус во своето окружување. Експертите оценуваат дека овој начин на пристап носи и ризици затоа што голем број млади се фокусираат на шпекулативни инструменти кои нудат астрономски приноси, криптовалути, форекс, па дури и акции со кредит.

Она што е охрабрувачко е дека младите сакаат да учат и отворени се за нови знаења. Тие бараат едноставни и разбирливи објаснувања, мала влезна сума и целосна слобода во одлуките – без долгорочни обврзувачки договори. Потребна им е и дигитална форма на инвестирање, па затоа апликациите и онлајн платформите се неизбежен канал. Дополнителна карактеристика на оваа
Младите не треба да се откажуваат од својата љубопитност и желба за експериментирање, но потребно е таа да се канализира на сигурен и рационален начин. Професионалните портфолио менаџери можат да им помогнат да ја разберат разликата меѓу шпекулативно и долгорочно инвестирање, да изградат стратегија која ќе им донесе сигурност и да ги заштитат од непотребни ризици.

Денешната дигитална ера е дополнителен стимул за инвестирањето на младите преку разни платформи кои бараат дополнителни решенија кои одговараат на нивниот начин на живот. Повеќе инвестирањето не се гледа како привилегија, туку како навика која може да ја има секој млад човек.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП