Португалската влада прогласи национален ден на жалост и три дена жалост во Лисабон по несреќата во која загинаа 15 лица, вклучувајќи туристи, кога жичарницата Глорија излета од шините.
Најмалку 23 лица се повредени во несреќата, од кои петмина сериозно, јавува агенцијата Луса.
Жичарницата превезувала повеќе од 40 лица.
Несреќата се случи во средата кога жичарницата излета од шините и се преврте по стрмна улица и се урна во зграда.
Фотографија од местото на настанот покажува дека кабината на жичарницата, слична на трамвај, е практично уништена.

Властите веруваат дека несреќата е предизвикана од лабав кабел или дефект на сопирачките.
Бригадата на судската полиција беше повикана да ја испита причината за несреќата на жичарницата Глорија, која може да прими до 42 патници и е обележје на Лисабон кое е многу популарно кај туристите.
Жичницата Глорија беше отворена пред повеќе од еден век, во 1885 година.
Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека светло жолтата жичница се превртела и целосно е уништена. Еден сведок изјави за португалскиот весник „Обсервадор“ дека возилото било „надвор од контрола, без сопирачки“.
🔴PORTUGAL🇵🇹| #Tragedy in #Lisbon : the derailment of the #GloriaFunicular, a popular tourist attraction in the Capital left at least 15 dead and several injured on Wednesday, Sept 3. The machine, which can carry up to 42 people, is more than a century old, having opened in 1885. pic.twitter.com/xSCK4E81S8
— Nanana365 (@nanana365media) September 3, 2025
-Сите почнавме да трчаме затоа што мислевме дека ќе ја удри онаа подолу. Но, таа излета на кривината и се урна во зградата – рече Тереза д’Аво.
Друг сведок изјави за телевизискиот канал SIC дека жичницата се спуштила по стрмната улица „со полна брзина“.
-Удрила во зградата со брутална сила и се срушила како картонска кутија, немала сопирачки – рече таа.



