ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанството бара над 10 илјади нови работници!

Стопанството бара над 10 илјади нови работници!

Во време кога обезбедувањето на работен кадар во секој сектор е можеби најголемиот проблем, на пазрот на труд во Македонија има слободни над 10 илјади работни места. Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека пополнети се 500 илјади работни позиции, но најмногу работници недостасуваат во услужните дејности и во трговијата. Во моментов во земјава има околу 100 илјади невработени лица кои се пријавени во Агенцијата за вработување дека бараат ново работно место.

Од 10 323 слободни работни места во моментов најмногу работници недостасуваат во преработувачката индустрија или 2262 лица каде што веќе работат и најмногу граѓани од земјава во приватниот сектор и тоа на број нешто над 105 илјади. Во секторопт трговија недостасуваат нешто над 2100 работници а во овој сектор моментално работат 76 500 лица. Транспортниот сектор има потреба од нови 950 вработувања, а во градежниот сектор има отворено 850 огласи за вработување. Околу 750 луѓе недостасуваат комплетна да биде сликата во објектите за сместување и подготовката на храна, нешто слична е состојбата и кај административните дејности. Во областите здравствена и социјална заштита но и во културата има минус на работници за околу 450 лица.

„Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.54 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.77 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.36 %. Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %“, стои во извештајот на ДЗС.

Од тоа што може да се забележи од извештајот на статистичарите е дека има и зголемување на бројот на слободни работни места споредено со претходниот период. И сето ова се случува додека стопанството кубури со работоспособно население и додека се бара работник повеќе.

Чуден е македонскиот парадокс кој вели дека во Агенцијата за вработување има десет пати повеќе невработени лица од тоа што во моментов недостасува во приватниот сектор во државата. Но, експертите тоа го објаснуваат со тоа што тие невработени лица се со несоодветно образвование и со низок степен на вештини што ги прави неконкурентни за добивање на некое ново вработување. Пострашно е тоа што најголемиот дел од тие невработени лица не се ни обидуваат да ги подобрат своите вештини туку и натаму си седат во својата комфор зона и најчесто се на грбот на државата.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП