24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШест години затвор за Зидан!

Шест години затвор за Зидан!

Borussia Dortmund - Werder Bremen

Поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Мохамед Зидан беше осуден на 6 години затвор во неговата татковина, Египет , соопшти локалниот весник „Ал Ахрам“.

31 -годишниот напаѓач, кој беше во сопственост на тимот од Дортмунд од 2008-та до 2012-та година, е прогласен за виновен по обвинение за три измами со чекови на фирма за недвижности.

Зидан се пензионираше од фудбалот во јануари, кога го напушти тимот на Банијаш од ОАЕ, каде беше продаден од Мајнц за 2,5 милиони евра во 2012-та година. Сепак Египќанецoт се уште не го објавил крајот на активната играчка кариера. Во последните неколку месеци Зидан беше аналитичар на катарскиот канал „Ал Џезира“.

Неговите најголеми успеси се освојувањето на Купот на африканските нации со Египет во 2008-та и 2010-та година. Во германската Бундеслига настапуваше за Вердер Бремен, Мајнц, Хамбургер и Борусија Дортмунд, во кои одигра 155 натпревари и постигна 47 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП