ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДодека девојки уживале во морето, животно кое никој не би го очекувал...

Додека девојки уживале во морето, животно кое никој не би го очекувал доплива до нив(ВИДЕО)

Кога пливаме во морето, најчесто можеме да видиме само риби, а ако имаме среќа, можеме да видиме и делфини во далечината, пишува „Слободна Далмација“.

Ајкула е она што дефинитивно сакаме да го избегнеме, но понекогаш во морето се појавува животно кое навистина не го очекуваме. Таква ситуација им се случи на две девојки кои беа на одмор во Грција.

Тие уживаа во тиркизното море во еден залив, а потоа видоа дива свиња во далечината. На почетокот се смееја, но кога свињата се упати кон нив, тие почнаа да пливаат кон бродот во паника.

„Мора да излезете, не сте безбедни внатре“, им извика некој од чамецот што го користеа за да стигнат до заливот.

Девојките допливаа до бродот, но го задржаа доброто расположението .

„Кога дива свиња ќе те зграби среде Грција, тоа е поинакво искуство“, напиша една од девојките во видеото, додавајќи дека свињата „беше симпатична од далечина“.

@aleks_jevtic

She was cute from the distance 😭@grace ray @Allegra 🎀

♬ Carmen Habanera, classical opera(1283412) – perfectpanda

Некои се прашувале од каде доаѓаат дивите свињи во морето, но иако тоа можеби не е првото нешто на што помислуваме кога ќе ги видиме, тие се изненадувачки вешти пливачи.

Нивната силна мускулатура и релативно големите бели дробови им овозможуваат лесно да се движат низ водата, користејќи ги сите четири нозе за пливање.

Причините зошто дивите свињи одлучуваат да скокнат во морето се разновидни. Најчесто тоа е бегство од предатори или луѓе, потрага по храна од другата страна на водена пречка или едноставно потреба да се разладат во текот на топлите денови. На острови како Бахамите или во делтата на Дунав, дивите свињи редовно се движат од остров до остров во потрага по храна.

Документирани се случаи каде што пливаат до неколку километри, а нивната издржливост во вода е импресивна – можат да пливаат со часови доколку е потребно.

Нивната способност за пливање е причината зошто дивите свињи се прошириле на толку многу различни живеалишта низ целиот свет, вклучувајќи многу острови кои се доста далеку од копното, пишува „Слободна Далмација“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП