ПочетнаЕКОНОМИЈАТему и Шејн на удар: Милијарди пакети со „евтина“ роба сега подлежат...

Тему и Шејн на удар: Милијарди пакети со „евтина“ роба сега подлежат на новите правила

Речиси еден век, пакети со ниска вредност од странство влегуваат во САД без царина благодарение на таканареченото правило de minimis, кое од 2015 година се применува за пратки во вредност помала од 800 долари.

Дупката во законот значително го промени начинот на кој луѓето купуваат во САД, дозволувајќи им на малите бизниси ширум светот полесно да продаваат на Американците, а особено им користеа ултраевтините кинески е-трговци како Shein, Temu и AliExpress, кои продаваа сè, од облека и мебел до електроника директно, без тарифите што се применуваат на поскапите пратки.

Сепак, сите увезени стоки, без оглед на вредноста, подлежат на царински стапки од 10 до 50%, во зависност од земјата на потекло, според новите правила. Во некои случаи, во следните шест месеци ќе се применува фиксна такса од 80 до 200 долари.

Пред истекот на правилото de minimis, голем број доставувачи од Европа, Јапонија, Австралија, Тајван и Мексико ги прекинаа пратките до САД поради проблеми со усогласеноста со новите прописи.

Токму поради ова, многу национални поштенски услуги, привремено го прекинаа испраќањето пакети во САД поради неизвесност во врска со новите царински процедури. Ова директно влијае на македонските компании и поединци кои испраќаат стока до клиенти во Америка.

UPS изјави дека е подготвен за промени и не очекува одложувања, додека DHL, кој привремено ги запре стандардните пратки од Германија, објави дека сè уште може да има одложувања во преодниот период. FedEx и Поштенската служба на САД одбија да коментираат за можните последици.

Царинската и граничната заштита на САД (CBP) вели дека нејзините системи се „целосно подготвени“ и издале јасни упатства до партнерите во синџирот на снабдување за да се обезбеди непречено спроведување на новите правила.

Иако некои мали бизниси имаат корист од правилото de minimis со купување стока без царина, крајот на оваа придобивка значи порамномерно играње за многумина.

Стив Радерсторф, ко-сопственик на синџирот Scrub Identity со седиште во Индијанаполис, вели дека новите правила ќе ја „изедначат играта“ помеѓу малите бизниси и глобалните гиганти.

Според проценките на “Coalition for a Prosperous America”, е-трговците како што се Amazon и Waalmart заработиле стотици милијарди долари во 2022 година благодарение на мрежите на продавачи од трети страни кои ја користеле оваа даночна дупка.

„Кога некој ќе дојде на мојата врата и ќе ме замоли да поддржам локален фудбалски или бејзбол тим, тогаш имам пари да помогнам – и тие пари остануваат во заедницата. Кога ќе отидат во Кина, никогаш не се враќаат во Соединетите Држави“, изјави Рудерсторф за CNN.

Откако се укинаа правилата за de minimis за Кина и Хонг Конг, бројот на пакети што претходно би влегле без царина се намали од просек од 4 милиони дневно на само еден милион, објавија претставници на Белата куќа.

Иако Американците сега стравуваат дека нивната стока ќе стане поскапа, малите трговци се надеваат дека новата ситуација ќе ги „врати во заедниците и во локалните продавници“.

Најпогодени се оние кои продаваат стоки преку платформи за е-трговија.

Привремената суспензија на прием на пратки што содржат стока е сè уште на сила и ќе трае до решавање на отворените прашања и неизвесности во врска со царинењето на комерцијални пратки со стока, особено во процесот на наплата на царински давачки од испраќачот однапред, додаваат тие на порталот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП