„Huawei“ официјално го потврди датумот на лансирање на својот нов тројно преклопен паметен телефон, „Mate XTs“.
Премиерата ќе се одржи на 4-ти септември, а компанијата ја објави информацијата преку својот официјален профил на „Weibo“.
Ричард Ју, извршен директор на „Huawei Consumer Business Group“, дополнително нагласи дека уредот ќе има поддршка за пенкало, што треба да ја подобри продуктивноста и креативните способности на корисниците.
Според претходните гласини, „Huawei Mate XTs“ носи неколку важни надградби во споредба со неговиот претходник.
Ќе има надграден чипсет, веројатно Kirin 9020, со поддршка за сателитска комуникација. На задната страна ќе има главна камера од 50 MP со променлив отвор на блендата, како и подобрена перископска телефото камера.
Екранот и батеријата веројатно ќе останат слични на претходниот модел.
Кога станува збор за цената, во Кина се очекува да биде околу 20.000 јуани (околу 2.410 евра), слично како и неговиот претходник.



