ПочетнаЕКОНОМИЈАМерките на Трамп функционираат? Американската економија нагло порасна во вториот квартал со...

Мерките на Трамп функционираат? Американската економија нагло порасна во вториот квартал со годишна стапка од 3,3 проценти

Американската економија порасна со годишна стапка од 3,3 проценти во вториот квартал од оваа година, што укажува на нагло закрепнување од падот од 0,5 проценти во првиот квартал, објави денес Бирото за економски анализи на САД.

Ова е повеќе од првата проценка од три проценти, главно поради ревизиите нагоре кога станува збор за инвестициите, до раст од 5,7 проценти (наспроти 1,9 проценти во првата проценка) и потрошувачката (скок од 1,6 проценти во споредба со претходните 1,4), објави „Трејдинг економикс“.

Од друга страна, се наведува, проценката за потрошувачката на владата е намалена на минус 0,2 проценти (наспроти претходната плус од 0,4 проценти), а увозот е ревидиран нагоре на минус 29,8 проценти, наместо падот од 30,3 проценти во првата проценка.

Економскиот раст на Соединетите Американски Држави беше условен од намалување на увозот од 29,8 проценти (наспроти 37,9 проценти во првиот квартал) и зголемување на потрошувачката од 1,6 проценти, наспроти 0,5 проценти во првиот квартал.

Спротивно на тоа, имаше намалување на инвестициите од 5,7 проценти, во споредба со 10,3 во првиот квартал, како и на извозот, кој сега е намален за 1,3 проценти, во споредба со растот од 0,4 во претходниот квартал.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП