ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на „Тесла“ автомобили во Европа се намали за 40 проценти, кинеските...

Продажбата на „Тесла“ автомобили во Европа се намали за 40 проценти, кинеските и европските брендови добиваат на сила

Во јули, американскиот производител на електрични автомобили Тесла го забележа седмиот последователен месец на пад на продажбата на своите возила во Европа, додека кинескиот конкурент BYD продолжува со својата агресивна експанзија на Стариот континент, според податоците објавени денес од Здружението на европски производители на автомобили (ACEA).

Според официјалната статистика, во јули во Европа се регистрирани 8.837 нови возила Тесла, што е за 40 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Спротивно на тоа, „BBW“ имаше 13.503 нови регистрации, што претставува годишен раст од дури 225 проценти.

Вкупната продажба на електрични автомобили во Европа расте, што укажува дека „Тесла“ губи удел на овој пазар, објавува CNN.

Компанијата Тесла се соочува со голем број деловни предизвици како што е жестоката конкуренција, но е и погодена од проблеми со репутацијата поради јавните настапи и политичките активности на нејзиниот сопственик Илон Маск.

Тесла планира да започне со производство на попристапен електричен модел во втората половина од годината и со тоа да ја подобри продажбата, но кинеските брендови веќе имаат рекорден пазарен удел во Европа, кој надминува пет проценти, покажуваат податоците на агенцијата JATO Dynamics.

Во јули, годишен пад на продажбата на автомобили во Европа забележаа „Стелантис“, јужнокорејската „Хјундаи“, како и јапонските компании „Тојота“ и „Сузуки“.

Зајакнување на европските автомобилски брендови

Напротив, раст на продажбата забележаа германските „Фолксваген“ и „BMW“, како и францускиот „Рено“, што навестува зајакнување на европските брендови.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП