ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкава е просечната бруто плата во Македонија во јуни и како стоиме...

Колкава е просечната бруто плата во Македонија во јуни и како стоиме во споредба со регионот?

Просечната бруто плата во Македонија за јуни 2025 година изнесува 68.340 денари, што е околу 1.110 евра. Ова претставува континуиран раст во однос на претходните години, но споредбата со соседните земји покажува дека и понатаму заостануваме зад дел од регионот.

Словенија е убедлив лидер во регионот со просечна плата од над 2.500 евра бруто. Развиената индустрија и високиот степен на продуктивност ја ставаат земјата на самиот врв.

Хрватска, со просек од нешто над 2.000 евра, бележи стабилен раст, особено по влезот во еврозоната, кој придонесе за поголема економска сигурност.

Србија и Босна и Херцеговина се на слично ниво, околу 1.250 евра, што покажува дека нивните економии се движат паралелно.

Црна Гора останува во групата со средни плати во регионот, со нешто повеќе од 1.200 евра бруто.

Северна Македонија е во долниот дел на листата, со просек од околу 1.110 евра, иако во последните години има континуиран раст.

Албанија е на дното, со плата која е приближно тројно пониска од словенечката.

*Податоците се од официјалните статистички заводи

Иако просечната плата кај нас ја надминува психолошката граница од 1.000 евра (во бруто износ), таа сè уште е значително пониска од земјите членки на Европската унија во регионот, односно Хрватска и Словенија.

Споредбено со соседните Србија, Босна и Црна Гора, Македонија е на слично ниво, но сè уште под нивниот просек за јуни 2025.

Албанија останува на последното место во регионот, со просечна плата која е околу 25% пониска од македонската.

Економските аналитичари очекуваат платите во Македонија да продолжат со умерен раст, особено во ИТ секторот и во индустриите што извезуваат. Сепак, клучниот предизвик ќе биде дали тој раст ќе може да го следи продуктивноста и економскиот развој, за да се намали јазот со земјите од Европската унија.

С.Б.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП