Германската банка за развој KfW во денес прогнозираше дека домашната економија ќе ја заврши оваа година со кревок раст на бруто домашниот производ, со што сигнализира можен крај на повеќегодишната економска криза.
KfW ја ревидираше својата прогноза за 2025 година од стагнација на економски раст со стапка од 0,2 проценти. За 2026 година, ја зголеми прогнозата од 0,5 проценти раст на точно еден процент.
Според проценката на банката, растот ќе биде слаб во тековниот квартал, но ќе добие на интензитет со текот на времето.
„Германската економија треба да има сè посилен ветер во едрата до крајот на годината“, рече нејзиниот главен економист Дирк Шумахер во изјавата што ја придружуваше извештајот.
Шумахер очекува масовната инвестициска програма на владата да ја поттикне економијата во последниот квартал. На ова укажува зголемената побарувачка за кредити, како кај компаниите, така и кај домаќинствата.
Фискалниот стимул на владата ќе пристигне „побрзо и посилно од очекуваното“, додаде тој.
Патем, Шумахер истакна дека домашните компании се справуваат со трговскиот спор меѓу САД и Европската Унија подобро отколку што се стравуваше.
KfW не е сам во својата проценка дека Германија ќе излезе од рецесија по две последователни години.
Економските институти и Бундесбанк неодамна излегоа со прогнози за раст, иако слаби, оваа година.



