ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: „Најдобрата одлука, продолжуваме понатаму“

Трамп: „Најдобрата одлука, продолжуваме понатаму“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека неговата администрација ќе продолжи да склучува договори како што е неодамнешното купување на удел во производителот на чипови Intel, бидејќи верува дека тие носат повеќе пари и работни места во САД.

„Ќе склучувам вакви договори за нашата земја секој ден“, рече Трамп на мрежата True Social, додавајќи дека „глупавите луѓе“ се незадоволни од аранжманот, кој, нагласи тој, ги прави САД „сè побогати и побогати“.

Економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хесет, денес изјави дека овој потег е дел од поширока стратегија за воспоставување американски суверен фонд за богатство, моделиран според суверените фондови за богатство што ги користат земји како Норвешка, Кина и неколку земји од Блискиот Исток.

„Уверен сум дека ќе има повеќе трансакции, ако не во оваа индустрија, тогаш во други“, рече Хесет во интервју за CNBC.

Белата куќа во петокот објави дека владата во Вашингтон купила 10 проценти удел во Intel, по цена од околу 8,9 милијарди долари.

Дел од финансирањето доаѓа од средствата на CHIPS Act, додека остатокот ќе биде покриен од други федерални програми поврзани со производство на безбедни полупроводници.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП