ПочетнаЕКОНОМИЈАИнформациите од приватните клиники ќе се интегрираат во „МојТермин“

Информациите од приватните клиники ќе се интегрираат во „МојТермин“

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која се разговараше за наводите дека во дел од приватните здравствени установи биле извршувани непотребни кардиохируршки интервенции.

Алиу истакна дека е приоритет интегрирањето на сите податоци од приватните болници во националниот систем „МојТермин“, со цел зголемена контрола и транспарентност.

Од 15 септември сите приватни здравствени установи ќе бидат задолжени да го информираат Министерството, односно Управата за електронско здравство, за сите извршени прегледи и интервенции.

„Министерството за здравство е отворено за соработка со сите чинители. Ги повикуваме сите засегнати страни кои имаат каква било информација за можни неправилности во системот, да се обратат веднаш. Транспарентноста е еден од нашите главни столбови и клуч за унапредување на процесите во здравството,“ истакна министерот Алиу.

Со овој потег, институциите очекуваат поголема отчетност, но и поголема доверба во здравствениот систем.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП