Голем интерес владее меѓу граѓаните за мерките од Оперативниот план за вработување, кој оваа година изнесува рекордни над 40 милиони евра, истакна министерот за економија Бесар Дурмиши во интервју.
Според него, програмата се покажала како ефикасен инструмент за поддршка на вработувањето, како и за подобрување и стабилизирање на пазарот на трудот.
Досега повеќе од 7.000 граѓани аплицирале за мерката за самовработување, која е особено насочена кон младите лица до и над 29 години.
„Најновата мерка што е активна, објавена пред неколку дена, е мерката за создавање работни места, преку зелени инвестиции. Луѓето што ќе бидат вработени во мали и средни компании ќе добијат неповратни средства до 750 илјади денари, кои ќе можат да ги користат за купување софтвер, лиценци, машини и друга опрема,“ нагласи министерот.
Со овие мерки, Владата очекува да се стимулира вработувањето, особено во секторите со потенцијал за раст и модернизација, и да се создаде поконкурентна економија.
Огласот можете да го видите на следниов ЛИНК.



