Семафорот во Гостивар одамна престана да биде само обично средство за регулирање на сообраќајот. Тој е огледало на нашата реалност, односно систем што не функционира, а сите сме приморани да чекаме.
Додека сите други држави се натпреваруваат во брзината и ефикасноста, ние гордо можеме да кажеме дека нашиот национален симбол е застојот.
„Да фрлаа по една лажичка песок дневно, до сега ќе имаше изградено ултрамодерен надвозник кој ќе го растеретеше овој семафор и значајно ќе ни го скратеше времето за патување на релација Охрид – Скопје”, изјави за Денар еден нервозен патник, кој половина час чекал во колоната пред семафорот.
Овој децениски проблем веројатно е нерешлив за институциите, па голема е веројатноста дека и понатаму ќе мораме да си го планираме семафорот во времето за патување на релација Охрид – Скопје.
С.Б.



