ПочетнаАВТОБИЗНовиот „Hyundai Tucson“ се менува радикално

Новиот „Hyundai Tucson“ се менува радикално

Следната генерација на „Hyundai Tucson“ ќе биде радикално различна по дизајн од сегашната, тврди британското издание „Autocar“, повикувајќи се на разговор со главниот дизајнер и шпионски фотографии.

Кросоверот, кој е исто така многу популарен на многу европски пазари, меѓу кои и македонскиот, ќе се најде во продажба следното лето.

Се чини дека е сигурно дека контроверзниот дизајн на сегашната генерација ќе биде напуштен. Папараците веќе снимија тест „мазги“ од идниот автомобил, кои ги потврдуваат претпоставките дека „Tucson“ ќе премине и на новиот дизајнерски јазик на брендот „Art of Steel“, веќе познат од „Santa Fe“ и водородниот „Nexo“.

Сепак, главниот дизајнер на „Hyundai“, Сајмон Лосби, уверува дека тоа нема да биде само намалена копија на „Santa Fe“ и дека нема намера да ја претвори целата гама во сет кукли.

Дури и со камуфлажа, тест прототиповите откриваат подолга хауба, подебели лакови на тркалата и поисправен став.

„Намерно сакавме да ги зголемиме можностите и карактерот на ‘SUV’. Речиси секој регион во светот стана поудобен со ‘SUV’ возилата и сака висока положба на седење“, вели Лосби за „Autocar“.

Новата, поквадратна форма на „Tucson“ веројатно ќе резултира со поголем внатрешен простор и уште поголем багажен простор од сегашните 620 литри.

Идниот „Tucson“ ќе добие и ентериер од нова генерација, за кој Лосби и претседателот на „Hyundai Group Design“, Лук Донкерволке, велат дека ќе вклучува помал инфозабавен дисплеј и повеќе физички копчиња.

Се очекува опциите за погон да се совпаѓаат со оние на „Santa Fe“, кој е достапен или со 1,6-литарски турбо бензински хибрид со 215 ks (со погон на предни тркала или погон на сите тркала), или со „plug-in“ хибрид со моќност од 253 коњски сили (само со погон на сите тркала).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП