Овие четири европски земји усвоија нови правила.
Норвешката, шведско-данската и белгиската поштенска служба, Posten Bring, PostNord и bpost, привремено ги суспендираат пратките во САД додека не се укине одредбата во царинскиот систем на САД што дозволуваше предмети со ниска вредност да влезат во САД без царина.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп минатиот месец објави дека ќе го суспендира глобалното ослободување од данок за пратки во вредност помала од 800 долари почнувајќи од 29 август, објави Ројтерс.
„Поради недоволно време за прилагодување на новите околности, PostNord привремено го суспендира испраќањето пратки“, објави поштенската компанија во сопственост на шведската и данската влада.
Како што претходно објави Белата куќа, извршната наредба го суспендира ослободувањето од данок за пакети со ниска вредност испратени во САД, така што тие ќе подлежат на полни стапки.
„Американските царински власти сè уште не ги прецизирале деталите за оваа одлука, а исто така не се развиени системски решенија што би можеле да ги имплементираат поштенските служби“, изјави компанијата „Постен Бринг“ во посебна изјава.
Компанијата додаде дека поштенските служби во Европа работат заедно за да добијат појаснување.
Компанијата „бпост“ изјави дека суспензијата на испраќање пратки ќе се однесува само на пакети со стока, а не и на писма.



