Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на 7 проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор од Македонија.
Овие проекти се реализираат во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, преку отворениот повик за инвестициски иницијативи по Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“.

