ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јули Годишен раст од 13,0% на вкупните депозити и од 13,0%...

Во јули Годишен раст од 13,0% на вкупните депозити и од 13,0% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор. 

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.

Монетарни движења во Република Северна Македонија: Јули 2025 година 

‒ Паричната маса (монетарниот агрегат М31,2), во јули 2025 година, е зголемена за 1,3% на месечна основа, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, при раст и на готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години, во услови на пад на краткорочните депозити. На годишна основа, паричната маса бележи раст од 12,3%, којшто главно се должи на зголемените депозитни пари, при забележан раст и кај останатите компоненти.  

‒ Во јули, вкупните депозити3 остварија месечно и годишно зголемување од 0,6% и 13,0%, соодветно. Притоа, месечната и годишната промена во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор.

‒ Во јули 2025 година, вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,6%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 13,0% и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.

Депозити и кредити на корпоративниот сектор

‒ Во јули, вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа месечен раст од 0,1%, при раст на сите видови депозити, со исклучок на  краткорочните депозити во денари. Годишниот раст од 14,5% во најголем дел се должи на растот на депозитните пари и краткорочните депозити во денари.  

‒ Кредитите на корпоративниот сектор5, овој месец, се зголемени на месечно и годишно ниво за 0,4% и 15,9%, соодветно. Притоа, месечниот и годишен раст во целост произлегува од зголемените кредити во денари, а кредитите во странска валута се намалени.

Депозити и кредити на домаќинствата

‒ Во јули, вкупните депозити на домаќинствата се повисоки за 1,1% на месечна основа. Притоа, месечната промена во поголем дел се должи на растот на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута, при помал раст и на останатите компоненти. Годишниот раст изнесува 13,3% и е резултат на зголемените депозитни пари, долгорочните депозити во денари и во странска валута, а во помала мера и на краткорочните депозити.  

‒ Овој месец, кредитите на домаќинствата остварија месечен и годишен раст од 0,8% и 10,4%, соодветно. Промената по двете основи се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

‒ Во јули, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 1,0%, соодветно, при годишно зголемување од 9,8% и 15,3%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,8% на месечна основа, а на годишна основа забележаа пад од 1,0%. Кредитите одобрени на кредитните картички се непроменети на месечно ниво, додека на годишно ниво остварија пад за 7,4%. Во јули, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,8% и 0,7% во споредба со претходниот месец, соодветно, додека на годишна основа се пониски за 4,9% и 9,2%, соодветно. 

Целиот извештај можете да го погледнете ТУКА.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП