На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку се намали. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,27 поени, додека вчера во ова време беше 98,45 поени.
Во исто време, цената на еврото се зголеми од вчерашните 1,1635 на 1,1645 долари. Американската валута ослабе и во однос на јапонската, па курсот на доларот се лизна на 147,35 јени, додека вчера во ова време беше 147,50 јени.
Цените на нафтата, од друга страна, се зголемија. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово порасна за 0,40 проценти, на 67,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,10 проценти, на 63,00 долари.



