Украина ќе започне со масовно производство на крстосувачки ракети FP-5 „Фламинго“ на почетокот на 2026 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Според него, тестовите на ракетата досега биле успешни, а дострелот на „Фламинго“ достигнува 3.000 километри, објави „Униан“. Зеленски додаде дека сè додека Украина не може да користи стотици ракети, подетална дискусија за програмата „не е соодветна“.
Масовното производство, како што најави, треба да започне до крајот на декември или почетокот на јануари или февруари.
Ракетата FP-5 „Фламинго“ има боева глава од 1.000 килограми и тежина при полетување од шест тони, со распон на крилјата од шест метри, што овозможува едноставен дизајн за сериско производство, но и одредени технички предизвици, велат аналитичарите.



