ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ја задржува прогнозата за инфлацијата на крајот на годината на 24%

Турција ја задржува прогнозата за инфлацијата на крајот на годината на 24%

Турската централна банка ја задржа прогнозата за инфлацијата на крајот на годината непроменета, одржувајќи пооптимистички став од пазарите и бизнисите, објави „Bloomberg“.

Како и во претходниот квартален извештај, монетарната институција сè уште очекува инфлацијата да се забави на 24% до крајот на годината. За 2026-та година, прогнозата на банката беше зголемена од 12% на 16%.

„Од последниот извештај, инфлацијата е над нашата просечна прогноза, но сè уште е во рамките на очекуваниот опсег“, рече гувернерот Фатих Карахан.

Минатиот месец, турската централна банка продолжи со намалување на каматните стапки за прв пат од март. Ја намали својата референтна каматна стапка од 46% на 43%, изненадувајќи ги економистите со поголемо од очекуваното намалување.

Пазарите се повнимателни во врска со инфлацијата, при што најновата анкета предвидува ниво од речиси 30% до крајот на 2025-та година. Бизнисите сѐ уште попесимистички, што централната банка вели дека претставува сериозен ризик од инфлација.

Годишната потрошувачка инфлација во земјата се искачи на 33,5% минатиот месец, забавувајќи повеќе од очекуваното и достигнувајќи го најниското ниво од ноември 2021-ва година. Месечната инфлација малку се забрза, што централната банка го припиша на „привремени“ сезонски фактори.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП