ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната инфлација во Еврозоната стабилна на два проценти во јули, во ЕУ...

Годишната инфлација во Еврозоната стабилна на два проценти во јули, во ЕУ 2,4 проценти

Годишната инфлација во Еврозоната изнесуваше два проценти во споредба со 2,4 проценти за Европската Унија во јули, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.

Во споредба со јуни 2025 година, годишната инфлација се намали во осум земји-членки, остана стабилна во шест и се зголеми во 13, се вели во соопштението.

Најниските годишни стапки се забележани во Кипар (0,1 процент), Франција (0,9 проценти) и Ирска (1,6 проценти).

Највисоките годишни стапки се забележани во Романија (6,6 проценти), Естонија (5,6 проценти) и Словачка (4,6 проценти).

Најголем придонес кон годишната стапка на инфлација во Еврозоната имаа услугите (+1,46 процентни поени, п.п.), проследени од храната, алкохолот и тутунот (+0,63 п.п.), индустриските стоки без енергија (+0,18 п.п.) и енергијата (-0,23 п.п.).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП