ПочетнаЕКОНОМИЈАБез зголемено домашно производство на храна цените нема сами по себе да...

Без зголемено домашно производство на храна цените нема сами по себе да се намалат!

Се повеќе пари се делат од државната каса за субвенционирано производство на храна, но се помалку храна се произведува во земјава. Податоците велат дека речиси 70 отсто  од земјоделските производи кои се продаваат на зелените пазари и во големите маркети се од увоз. Тоа се поразителни податоци за една држава која пред две децении важеше за земјоделска супер сила.

Професорката Даниела Бијаџиева вели дека на македонската економија и е потребна структурна реформа. Мора да се работи со сите сили на зголемено производство на на храна и подобрена продуктивност на македонските компании кои се во делот на производство на прехранбени производи.

Точно е дека има забрзување на инфлацијата во месец јули. Причините зошто дојде до вакво забрзување на инфлацијата од почетокот на годината до сега може да се лоцираат во два носечки извори, вели за Денар универзитетската професорка Даниела Бојаџиева. Првиот извор според професорката е заради реалниот раст на платите кој дојде до значајно зголемување на личната потрошувачка. Таа од една страна дојде до општ пораст на цените. Од друга страна, професорката додава дека тоа што е многу значајно во нашиов тренд на притисок и зошто имаме повисоки стапки на инфлација е поради повисоките цени на прехранбените производи. Значајна компонента имаше и зголемената цена на овошјето но и кај цените на месото, лебот и кај одредени житарки.

„Цените на храната растат. Тоа отвора едно друго прашање. Што се случува со нашето домашно производство. Ние се увезуваме од храна. Според последните проценки и податоци од соодветните институции ние веќе имаме само 25 до 30 отсто домашно производство, а останатата храна е од увоз. Ако ние сакаме да го стабилизираме тој сегмент мора да почнеме да размислуваме како ќе го зголемиме домашното произодство на храна. Ние воведовме мерки, даваме пари за субвенции, но како се зголемуваат субвенциите така се зголемува увозот, а не се зголемува производството во земјава. Затоа со зголемен увоз е нормално да имаме поскапи производи во континуитат“, вели професорката Даниела Бојаџиева од економскиот факултат при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Со месеци поскапува буквално се. Овошјето и зеленчукот ова лето се продаваат по цени како да е Нова година. Буквално нема сирење или кашкавал кој се продава по цена под 500-ни денари за килограм. Од месото, како пилешкото, свинското а особено телешкото месо се поретко се наоѓаат на трпезата кај граѓаните поради астоносмкиите цени. Морската риба одамна е луксуз за најголемиот дел од домаќинствата во Македонија.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП