Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во последната колумна „Закони да, еко лажговци не!“ оценува дека на Македонија и се потребни два засебни закона за рударство и геологија, бидејќи, како што додава, само со соодветна регулација и строг надзор, рударството може повторно да стане столб на македонската економија, да создава развојни можности и да помогне во спречување на „белата чума“ и иселувањето.
-Ако го видите посебно предлог законот за рударство се добива силен впечаток дека државата конечно се охрабрува да одлучи што е стратешки неопходно за неа и нејзините граѓаните и да стави силна контрола врз сите осум постапки за отворање или постоечки рудник, воглавном се предничи на следниве четири: геолошко истражување, елаборат за комплетна компатибилна и прифатлива заштита на животната средина, а се со цел задоволување на пред се човековите, но и на друг жив свет потреби, екслоатацијата и економскиот развој на Македонија и зголемување на животниот стандард и она најважното на кое очигледно се внимавало, има повеќе изрази: рехабилитација, ремедијација, рекултивација наједноставно ставње во целосна употреба, на употребеното земјиште за рудник, за потребите на живиот свет, анализира Грозданов.
Според него, додека нацрт текстовите се наоѓаат на јавен увид, се поставува прашањето кој смее и мора да биде присутен на масата за конечна верзија на овие два закона.Тој смета дека тоа треба да се професорите кои се бават со оваа тематика и нормалните еколози, а не „еко лажговци по нарачка“.
-На масата за законите за рударство и геологија првенствено морат да седат (професори): геолозите и да разговараат за видот на карпите и начините на истражување на рудните богатства; рударите кои ќе прават дистинкција помеѓу древното и традиционалното, со модерното рударство и нормално да се изјаснат каде може да има затворен или отворен коп, а да не се водат од економската исплатливост на инвеститорот (ова посебно важи за рудникот Генезис); металурзите кои јасно и недвосмислено ќе ги кажат сите еколошки заштитнички кон населението, металургиски постапки за екстракција на метална руда; Професори од медицина да ги согледуваат и пратат сите модерни текови пред се за заштита на рударите од повреди и веднаш да реагираат на непотребни нус појави поради лош карактер на поединци; Професори за макроекономски движења на металот на светските берзи, пишува Грозданов.
Тој додава дека тие работат за тоа како да се исчистат и искористат финансиски ретките и други метали со екстремно сигурност од еколошки аспект во хидројаловишните езера и јаловиштата како што се Југохром, Лојане, Велес и ја потенцира идејата во иднина да нема градење на хиројаловишни брани, а тоа први го прифатиле рудниците Генезис и Иловица-Штука.
-И сега доаѓаме да правиме разлика меѓу „нормални еколози“ и “еко лажговци“ по нарачка. Нема рудар и металург кој не сака да соработува со „нормални Еколози“. Тоа се личности кои знаат да разговараат дека да го стопираш или изгасиш процесот на индустријализација е утопија. Напротив мора да го контролираш и тоа по сите прописи согласно Европската унија кои ние ги имаме прифатено во комплет, а за тоа мораме да ја јакнеме држават пред се.
Еко лажговците по нарачка денес ќе Ви ги претставам со реката Дошница.
Еве како лажат. На оваа река од страната на Демир Капија постои хидроцентрала од 1952 година, каде има цевка од четири илјади (4000) метри и на крајот има рибник каде во еден турнус рибарско мрестење се создаваат околу петстотини (500.000) илјади млади на автентична речна и калифорниска пастрмка. Дали некогаш како луѓе сме се запрашале како се полни Мавровско езеро? Сме чуле ли за некоја Мавровска река? Ова езеро се полни со најсложениот хидросистем во Европа долг сто и тиесет (130) километри кој носи вода од Шар Планина и е со тиролски зафати да камењата одат над системот, а да не го нарушат течението. Со создавањето на овој проект Мавровско езеро подоцна е создаден Националниот Парк, каде има викендици, ски центар итн. Досега не е увидено да се удавила мечка, да угинале пчели или било кој друг животински свет и посебно е увидено дека тука си го нашол своето место нашиот заштитен рис, дополнува инженерот во колумната.



