ПочетнаЗДРАВЈЕКачување по скали – наједноставната навика што го топи вишокот и го...

Качување по скали – наједноставната навика што го топи вишокот и го продолжува животот

Качувањето по скали е една од најлесните, а во исто време и најмоќните форми на физичка активност.

Освен што помага во намалување на телесната тежина, оваа навика ги зајакнува мускулите, ја подобрува кондицијата, го зајакнува срцето, го продолжува животот и го намалува стресот.

Го согорува вишокот маснотии

Качувањето по скали ги активира мускулите на нозете, колковите и стомакот. Во просек, 30 минути искачување може да согори и до 500 калории, во зависност од брзината и интензитетот. Брзото качување согорува повеќе калории, а побавното помалку, но во двата случаи станува збор за ефикасна вежба со висок интензитет.

Помага за ефикасно слабеење

Научниците пресметале дека за да изгубите половина килограм телесна тежина потребен е дефицит од 3.500 калории. Со 30 минути искачување дневно, првите резултати можат да се забележат за само две до четири недели. Според истражувањата, 10 минути искачување согоруваат околу 100 калории – исто како 20 минути брзо одење.

Ја намалува напнатоста и го подобрува расположението

Дури и кратка активност од 5-10 минути искачување може да го намали стресот, да ја зголеми концентрацијата и да го подобри расположението. Ова е особено корисно за луѓето кои работат во седечка положба.

Го продолжува животниот век

Американски истражувања откриваат дека секој искачен кат го зголемува животниот век за 15 секунди. Само 20 минути качување дневно може да го продолжи животниот век и до три години.

Ги зајакнува коските и срцето

Редовното качување ја зголемува густината на коските и го намалува ризикот од остеопороза. Истовремено, оваа навика ја подобрува циркулацијата, го зајакнува кардиоваскуларниот систем и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар дури за 30%.

Како правилно да започнете

За најдобри резултати се препорачуваат 15 минути качување дневно. Започнете со бавно темпо од 2 минути, потоа забрзајте 5 минути, направете пауза од една минута, продолжете со интензивно качување уште 5 минути и завршете со побавно темпо за смирување.

Не заборавајте на загревање пред вежба, правилно држење на телото и истегнување по завршување. Пијте многу вода, носете удобна облека и внимавајте на рамнотежата.

Колку калории согорува качувањето?

– Бавно качување: околу 5 калории во минута

– Брзо качување: околу 9 калории во минута

– Трчање по скали: околу 11 калории во минута

Со упорност и правилен план, качувањето по скали може да донесе видливи резултати за здравјето и изгледот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП