Новите извештаи сугерираат дека јужнокорејскиот гигант ги подготвува своите први паметни очила, а сега знаеме кога ќе ги видиме.
„Samsung“ веќе ги претстави своите први „XR“ (проширена реалност) слушалки наречени „Project Moohan“, но работи и на поедноставни очила со вештачка интелигенција за масовниот пазар. Нов извештај од Јужна Кореја тврди дека првиот пар паметни очила на „Samsung“ ќе биде претставен кон крајот на 2026-та година.
Новиот извештај вели дека дизајнот е сличен на очилата „Ray-Ban Meta“ со вграден микрофон, звучници и камера. Очилата наводно ќе доаѓаат со асистент со вештачка интелигенција кој ќе му овозможи на корисникот да остварува повици, да испраќа пораки, да снима содржина и да ја контролира репродукцијата на медиуми.
„Samsung“ наводно има за цел да се зацврсти на пазарот на очила со вештачка интелигенција, бидејќи верува дека оваа категорија на производи ќе ги наследи паметните телефони како следна голема работа во светот на потрошувачката електроника.
Ова не е прв пат да слушнеме за плановите на „Samsung“ за очила со вештачка интелигенција. Извештај од почетокот на оваа година сугерираше дека „Samsung“ интерно работи на два пара очила со вештачка интелигенција наречени „Project Haean“ и „Project Jinju“, а се шпекулира дека ќе бидат лансирани заедно со слушалките „Project Moohan“.



