ПочетнаАВТОБИЗОва е новиот супер автомобил на „Lexus“ и изгледа спектакуларно! (ФОТО/ВИДЕО)

Ова е новиот супер автомобил на „Lexus“ и изгледа спектакуларно! (ФОТО/ВИДЕО)

На традиционалниот настан „Monterey Car Week“, „Lexus“ го претстави својот спортски концепт.

Ова е најава за модел што многумина веќе го нарекуваат „LFR“, а надворешниот дизајн изгледа како мешавина од легендарниот „LFA“ и елегантниот „LC500“.

„Lexus“ сè уште не објави технички детали, ниту фотографии од ентериерот, но се очекува наскоро да излезат повеќе информации.

Она што е познато: автомобилот има V8 со два турбополначи, моторот е поставен напред, а моќноста се испраќа на задните тркала, пишува „Motor1“.

Овој модел е планиран и да послужи како основа за новата „GT3“ тркачка верзија на „Toyota“.

На концептот може да се видат неколку интересни детали – на пример, издувните цевки се наоѓаат под задното крило, а огромниот отвор на задниот дел наликува на „LFA“.

Секако, некои детали се чиста „концептна фантазија“ и нема да се појават на серискиот модел, но се очекува дека конечниот изглед на автомобилот ќе биде многу сличен на овој.

„Lexus“ намерно сокри некои елементи – како што е ентериерот, а сите натписи освен логото на „Bridgestone“ се отстранети од гумите. Обликот на капакот на моторот јасно покажува дека моторот е поставен длабоко зад предната оска.

„Toyota“ и „Lexus“ го користеа „AMG GT R“ како референца за време на развојот на моделот, со оглед на тоа што е еден од најдобрите спортски автомобили со мотор напред и погон на задните тркала.

Првпат го видовме овој автомобил како тркачки концепт на „Lexus GR GT3“ уште во 2022-ра година, а сега за прв пат имаме увид во тоа како изгледа неговата Lexus верзија наменета за употреба на патиштата.

Во официјално соопштение, „Lexus“ вели: „Овој прогресивен, напреден, но автентичен спортски автомобил ја претставува насоката во која ќе се движи дизајнот на „Lexus“. Инспиративниот концепт ги комбинира динамичните и емоционалните елементи во визија за спортска икона од следната генерација“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП