Утрото во Тафталиџе почнува со звук на миксер за бетон и нервозни свирежи. Маалото веќе е нагмечено, уште една градба втиснува сенка над терасите.
Прашањето само се наметнува: дали општините треба да стиснат кочница во преполнетите реони?
„Нема воздух, нема паркинг“
Најгласни во критиката се жителите на густо населените квартови. Тие велат дека новите објекти дополнително ја влошуваат ситуацијата со паркинг-местата, ја зголемуваат сообраќајната гужва и го уништуваат чувството на простор и светлина.
„Ние одамна немаме каде да паркираме. Сега и градежни камиони ни го затвораат маалото, а кога ќе се всели уште една зграда – ќе биде хаос“, вели Петар, жител на Тафталиџе.
Во Автокоманда, пак, жителите се жалат дека секој нов објект е „залепен“ до постоечките, без доволно простор за детски паркови.
„Наместо двор, гледаме во туѓ прозорец“, додава Ана, млада мајка со две деца.
Ограничувањата се нужни, ама и ризични
Урбанистички експерти предупредуваат дека градежната експанзија без план може да го уништи квалитетот на живот во одредени делови од градот.
„Не е проблем само бројот на згради. Проблем е што инфраструктурата – канализација, водовод, патна мрежа – не е димензионирана за толкав број жители“, објаснуват архитектите.
Но, тие додаваат и една доза реалност: ограничувањето на новоградбите може да предизвика друг проблем – поскапување на становите.
„Кога понудата се стеснува, цената расте. А веќе гледаме дека за младите семејства купувањето стан станува речиси невозможна мисија“.
Општините меѓу инвестициите и притисокот на граѓаните
Градоначалниците се наоѓаат во непријатна позиција. Од една страна, секоја нова зграда значи инвестиција, нови даночни приходи и работни места.
Од друга страна, граѓаните протестираат дека квалитетот на животот им се уништува.
„Ние мораме да најдеме баланс“, брифира еден општински функционер кој сакаше да остане анонимен. „Не можеме да ја стопираме целата градба, но мораме да внимаваме каде и како се гради. Не е исто да подигнете објект во нова населба со празни парцели и во веќе пренатрупан реон“.
Б.З.М.



