
Овен (21.03 – 20.04)
Можно е да доживеете кражба или некој друг вид на неправда на работа. Слободните може да очекуваат возбудливо завршување на неделата. Зафатените може да имаат проблеми со партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)
Овој ден ќе работите повеќе од вообичаеното, не дозволувајте заморот да влијае на останатите сфери од животот. Стрелците кога станува збор за љубовта ќе бидат осамени.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате иновативни идеи и решенија. Доколку добиете поддршка од колегите и надредените, сигурно ќе ги остварите. Гаите силни емоции кон една личност. Не се плашете да ги покажете.

Рак (22.06 – 22.07)
Ве очекува успешен ден доколку се занимавате со работа во медиумите или работа поврзана со интернетот. Слободните би требало да размислат за лицата родени во знакот на Овен, Лав или Шкорпија.

Лав (23.07 – 22.08)
Доколку имате приватен бизнис, ве очекува многу успешен ден, ќе заработите повеќе од очекуваното. Во љубовта осамени сте и ништо не правите да го промените тоа.

Девица (23.08 – 22.09)
Колегите и надредените имаат преголеми очекувања, а вас тоа ве нервира. Во љубовта не го цените тоа што го имате па се однесувате лошо кон партнерот. Можно е да зажалите.

Вага (23.09 – 22.10)
Овој ден ќе доживеете повеќе критики отколку вообичаено. Не се фрустрирајте поради тоа туку пронајдете начин да ги поправите грешките. Сеуште не сте преболеле некоја личност од минатото. Направете го тоа конечно.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Доколку планирате да забележите успех, ве советуваме да преговарате со лице родено во знакот на Лав. Расчистете со минатото пред да започнувате нова љубов. Лицата во брак ќе бидат во хармонија.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Сте преземале премногу обврски, па очигледно е дека ќе направите грешки поради брзањето и еуфоријата сите да ги завршите. Ќе имате добар однос со партнерот, тоа ќе ви даде енергија за другите сегменти од животот.

Јарец (22.12 – 20.01)
Преземате премногу обврски иако знаете дека нема да можете се да завршите во зацртаниот рок. Многу трети лица се мешаат во вашиот љубовен живот. Запомнете дека тие се небитни кога станува збор за љубовта.

Водолија (21.01 – 19.02)
Како и секогаш настапувате дипломатски и рационално. Поради тоа успехот ви е загарантиран. Оние кои се сами воопшто не им пречи тоа што немаат партнер, туку напротив. Зафатените ги очекуваат компликации.

Риби (20.02 – 20.03)
Ве очекува значителен прилив на пари. Ќе бидете повеќе од расоложени и со среќа ќе ги извршувате работните обврски. Уживајте во љубовта со саканото лице. Не ги комплицирајте работите без потреба.



