ПочетнаЕКОНОМИЈАОткриено како невработените во Австрија го измамуваат системот: Патуваат, ги кријат своите...

Откриено како невработените во Австрија го измамуваат системот: Патуваат, ги кријат своите траги и избегнуваат работа

Австрискиот систем за социјална помош е под сериозен притисок поради бројни злоупотреби. Според податоците на Австриската криминална канцеларија, минатата година се регистрирани 4.865 случаи на измама со социјална помош, што е за 9,1% повеќе отколку во 2023 година. Најмногу пријави имало во Виена – дури 2.626.

Пример за злоупотреба го привлече вниманието на јавноста кога жена од Виена со години примала надоместоци за невработеност и социјална помош, додека со месеци престојувала на Јамајка и изнајмувала стан во Виена. Тоа ја оштетило државата за околу 42.000 евра.

Сега, чесен корисник на надоместокот, Марк, се огласил и ги открил триковите што ги користат невработените за да избегнат наоѓање работа: веднаш по закажаниот термин во AMS (Агенција за вработување), патуваат во странство, се враќаат денот пред следниот термин, купуваат билети со готовина за да не остават трага, го исклучуваат интернетот на телефоните и не пријавуваат отсуство.

-Не станува збор за малцинството, туку за мнозинството. Пријавувам и кога одам на стоматолог во Унгарија. Системот е бесрамно експлоатиран и нема долго да трае вака – вели Марк, кој има помалку од 1.000 евра месечни приходи, а троши 700 евра за стан.

Според правилата на AMS, сите невработени лица кои примаат финансиска помош мора да бидат достапни за австрискиот пазар на трудот и да пријават какво било отсуство од земјата.

На крајот на јули, во Австрија имало 289.968 невработени, што е за 15.000 повеќе од минатата година. Невработеноста кај странците се зголемила за 5,3%, а кај Австријците за 5,5%. Бројот на долгорочно невработени достигнал 90.500, што е раст од 9,8%.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП