ПочетнаКОМПАНИИПроценката на OpenAI скокна на 500 милијарди долари, вработените продаваат удели

Проценката на OpenAI скокна на 500 милијарди долари, вработените продаваат удели

Сегашните и поранешните вработени во OpenAI, компанијата зад ChatGPT, сакаат да продадат акции во вредност од речиси 6 милијарди долари. Инвеститори како SoftBank и Thrive Capital би можеле да ја зголемат проценката на компанијата на огромни 500 милијарди долари

Компанијата OpenAI, позната по развојот на алатката ChatGPT, е во центарот на вниманието поради најавената продажба на акции што би можела драстично да ја зголеми нејзината пазарна вредност. Според извор запознаен со ситуацијата, објавен од Ројтерс, сегашните и поранешните вработени во компанијата имаат намера да продадат акции во вредност од речиси шест милијарди долари.

Потенцијален договор, во кој инвестициските гиганти како SoftBank Group и Thrive Capital би учествувале како купувачи, би ја зголемило вредноста на компанијата од сегашните 300 на дури 500 милијарди долари. Иако SoftBank, Thrive и Dragoneer Investment Group, сите постоечки инвеститори во OpenAI, засега одбија да коментираат за оваа информација, според изворите, преговорите штотуку започнале и конечниот износ на продажбата би можел да се промени. Оваа секундарна продажба на акции (продажба на постоечки акции меѓу инвеститорите) дополнително ја зацврстува улогата на SoftBank, која веќе ја предводеше примарната рунда на финансирање на OpenAI од 40 милијарди долари.

Растот на OpenAI, поттикнат од глобалниот успех на нивниот водечки производ ChatGPT, е навистина импресивен. Компанијата ги дуплираше своите приходи во првите седум месеци од оваа година, достигнувајќи годишна стапка од 12 милијарди долари и е на пат да достигне 20 милијарди долари приходи до крајот на годината.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП