ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп пред средбата со Путин: „Нешто ќе произлезе од тоа“

Трамп пред средбата со Путин: „Нешто ќе произлезе од тоа“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, им рече на новинарите пред да се качат на летот за Алјаска, кој ќе трае седум часа, дека очекува конкретни резултати од претстојната средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, закажана за вечерва во воената база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска.

„Нешто ќе произлезе од тоа“, им рече Трамп на новинарите за време на обраќањето од Ер Форс Уан.

Зборувајќи за војната во Украина, Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин верува дека офанзивата „му носи сила“, но дека, според него, таа всушност е штетна за Москва, пренесува Скај њуз.

„Мислам дека во неговата глава му помага да добие подобар договор. Но, всушност, му штети. Ќе разговарам со него за тоа подоцна“, рече Трамп.

Кога беше прашан за можни територијални отстапки, американскиот претседател рече дека темата ќе биде дискутирана, но дека одлуката зависи од Украина.

„Ќе се разговара за територијални размени, но морам да ја оставам Украина сама да ја донесе таа одлука. Верувам дека ќе ја донесе вистинската“, додаде тој.

Коментирајќи ги безбедносните гаранции за Украина, Трамп изјави дека тие се можни, но не во рамките на НАТО алијансата.

„Можеби, заедно со Европа и други земји. Не во рамките на НАТО“, изјави тој.

Зборувајќи за економските односи со Москва, Трамп рече дека забележал дека Путин доведува бројни руски бизнисмени.

„Тоа е добро, ми се допаѓа што сакаат да прават бизнис, но нема да има бизнис додека не заврши војната“, заклучи Трамп.

Државниот секретар на САД, Марк Рубио, секретарот за трговија на САД, Хаурад Лутник, секретарот за финансии на САД, Скот Бесант и директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ратклиф ќе бидат дел од делегацијата на Соединетите Американски Држави на состанокот со руската делегација во Алјаска, пренесува Ројтерс.

„Висок влог“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес со авионот „Ер Форс Уан“ од воената база „Ендрус“ во Мериленд замина за Алјаска, каде што подоцна денес ќе се сретне со својот руски колега, Владимир Путин.

Тој претходно напиша на својата социјална мрежа, Truth Social објава „висок влог“. Од друга страна, рускиот претседател пристигна во далечниот источен руски регион Магадан, од каде што ќе отпатува за Алјаска, каде што ќе посети инфраструктурни проекти и индустриски објекти и ќе разговара со гувернерот Сергеј Носов.

„После тоа, претседателот ќе отпатува за Алјаска, каде што ќе ги започне руско-американските разговори“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, додавајќи дека градот отсекогаш му бил важен на Путин, дури и кога бил премиер.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП