ПочетнаЕКОНОМИЈАДа ги бојкотираме кафаните или владата да дава субвенции за мезење?!

Да ги бојкотираме кафаните или владата да дава субвенции за мезење?!

По пресметките на властите дека високата инфлација во земјава од близу 5% е поради зголемените цени во рестораните и поради цените во транспортот веќе се поставува прашањето дали дојде време кога свесно треба да се откажеме од посетата на угостителските објекти и да го смениме начинот на превоз.

Ниту првото, а уште помалку второто е лесно да се стори познавајќи го добро менатлитетот на македонскиот народ. Кој ќе биде јунакот кој ќе рече дека додека не се намалат цените во рестораните нема да влезе и кој ќе го замени удобниот и климатизиран автомобил со велосипед.

Никој буквално не му поверува на премиерот кога кажа дека зголемената инфација во моментов се однесува на тоа што цените во угостителството се зголемени за фантастични 25 отсто. А ништо подобро не е ниту со цените на услугите во транспортниот сектор. И да се толку зголемени цените за што нема такви податоци, само анализа која ја знаатг властите, колку може тие состојби да направат живеачката на граѓаните да биде до толку влошена. Нема ден да помине, разговор да заврши, обична средба да се случи а граѓаните да не си се пожалат колку е поскапен животот и колку нивниот стандард е намален.

„Направивме анализа и дојдовме до следниот заклучок: ако ги исклучиме храната, зеленчукот и овошјето, ќе видиме дека главни генератори на оваа инфлација се транспортните услуги и генерално услугите во целина. На пример, ресторанските услуги се за 24-25 проценти зголемени во однос на лани, исто е и кај транспортните услуги. Исто така, имаме двојно зголемување и кај овошјето. Нашата пракса покажа дека ако само ја ограничиме маржата кај прехранбените производи потоа таа се прелева во следните месеци. Не сакаме да пaднеме во таа замка. Услугите се најголемиот генератор на зголеменото ниво на инфалција меѓу 4-5 проценти. Зголемените плати и пензии доведуваат до зголемена побарувачка и луѓето можат таа цена за услугата да ја платат, па цената на услугите се покачува додека луѓето можат да платат”, изјави премиеорт.

Со изјавата дека ќе плати политичка цена со тоа што нема да воведува нови мерки во инфлацијата власта почна со играњето покер пред избори. Следува еден од најскапите месеци во годината, а тоа е септември кога се подготвуваат зимниците а заштедата е потрошена од годишните одмори. Дополнителен трошок е стартот на учебната година, но за набавка на овие материјали владата донесе мерка за училишна кошничка и обврска на трговците од оваа дејност да ги намалат цените за 10 до 15 отсто. Како ќе си поминат граѓаните во однос на трошоците во следните два месеци ќе биде интересно да се види. Тоа што засега со сигурност го знаеме е дека македонските работници се на дното по висината на платите во регионот и пошироко.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП