ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде е најевтино, а каде најскапо горивото во Европа?

Каде е најевтино, а каде најскапо горивото во Европа?

Во текот на летните месеци, кога бројот на патувања е поголем, цената на горивото е една од најважните ставки во буџетот на патникот. Доколку патувањето е добро испланирано, полнењето гориво во странство може да донесе значителни заштеди.

Цените на горивата во Европската Унија варираат од земја до земја. Според податоците на Европската комисија за просечните цени во 19 европски земји, разликите достигнуваат до 60 центи за литар за бензин и 53 центи за дизел.

Најевтиниот бензин е во Полска, каде што литар чини 1,38 евра (дизел 1,41 евра), додека најскапиот е во Данска – 1,98 евра (дизел 1,76 евра).

Најевтиниот дизел е во Чешка – 1,39 евра (бензин 1,41 евра), а најскапиот во Швајцарија – 1,92 евра (бензин 1,84 евра).

За споредба ова се моменталните цени кај нас:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 денари(1,21 евра)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 денари(1,24 евра)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 денари(1,11 евра)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 денари(1,11 евра)

Цени на горивата во други европски земји:

Хрватска: Супер 1,47 евра, дизел 1,49 евра
Словенија: Супер 1,44 евра, дизел 1,49 евра
Португалија: Супер 1,70 евра, дизел 1,59 евра
Луксембург: Супер 1,48 евра, дизел 1,44 евра
Германија: Супер 1,67 евра, дизел 1,61 евра
Австрија: Супер 1,53 евра, дизел 1,56 евра
Италија: Супер 1,71 евра, дизел 1,65 евра
Франција: Супер 1,69 евра, дизел 1,62 евра

Податоците за цените во различни земји може да имаат временско доцнење, па затоа наведените износи треба да се сфатат како приближни.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП