Постои голема шанса за втор состанок за Украина по претстојниот самит во Алјаска, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Доколку првиот состанок биде успешен, брзо ќе го организираме вториот. Би сакал тоа да се случи речиси веднаш. Брзо ќе одржиме втор состанок меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски, ако тие сакаат, и јас ќе присуствувам“, нагласи Трамп.

