Стартапот за вештачка интелигенција „Perplexity“ во вторникот даде понуда од 34,5 милијарди долари за да го купи прелистувачот „Chrome“ на „Google“.
Договорот е дел од стратегијата на компанијата да ја оспори доминацијата на „Google“ во веб-пребарувањето, забележа новинската агенција.
Компанијата изјави за „The Wall Street Journal“ дека неколку инвеститори, вклучувајќи големи фондови за ризичен капитал, се обврзале да го поддржат договорот, за што објави и „Bloomberg“.
Според неодамнешните проценки, „Chrome“ е вреден помеѓу 20 и 50 милијарди долари како претпријатие.
Понудата доаѓа во време кога американскиот окружен судија Амит Мехта размислува дали да го принуди „Google“ да го продаде прелистувачот за да ја ослабне контролата на компанијата врз веб-пребарувањето.
Понудата на „Perplexity“ може да има за цел да му покаже на судијата дека постои потенцијален купувач доколку се нареди присилна продажба.
Во писмо до Сундар Пичаи, извршен директор на матичната компанија на „Google“, „Alphabet“, „Perplexity“ изјави дека нивната понуда е „наменета да задоволи антимонополска пресуда во најдобар јавен интерес“.
„Google“ воопшто нема желба да го продава „Chrome“.



