Во првите шест месеци од 2025-та година, продажбата на овој супер-караван достигна највисоко ниво од постоењето на моделот.
Иако новата генерација на „Audi A6 Avant“ веќе пристигна на пазарот, легендарниот „RS6“ во својата сегашна верзија привлекува рекорден број купувачи.
Во првите шест месеци од 2025-та година, продажбата на овој супер-караван достигна највисоко ниво од постоењето на моделот, со дури 41% повеќе нарачки во споредба со минатата година.

Причините за овој бум се јасни, „Mercedes-AMG“ сè уште не го претстави новиот „E63 Estate“, а „BMW“ донекаде ги разочара клиентите со хибридниот „M5 Touring“, додека „Audi“ сè уште нуди чист V8 во „RS6“.
Сепак, следната генерација (C9) пристигнува со хибриден погон, па многумина сакаат да ја зграпчат последната шанса за „чистокрвен“ бензински мотор без комплициран „PHEV“ систем.

Сегашниот „RS6 Avant“ е дел од традицијата што трае уште од првата генерација, а „Audi“ потврдува дека ќе остане верен на брзите каравани во иднина, и покрај доминацијата на „SUV“ моделите.
Следниот „RS6“ ќе биде хибрид, но со задржан V8 мотор, што ќе го направи потежок, но и помоќен.
Овој скок на популарност јасно покажува дека ентузијастите за перформанси сè уште знаат да ја ценат практичноста, моќта и звукот на вистински мотор, дури и во ерата на електрификација.



