„BYD“ објави развој на свој таблет, дополнително проширувајќи ја својата вертикална интеграција.
Гигантот за електрични возила објави дека неговиот прв таблет, целосно развиен во компанијата, ќе се користи во хибридниот „SUV“ модел „Tai 7“ на неговиот подбренд „Fang Cheng Bao“, кој се фокусира на персонализација.
Според „BYD“, уредот ќе поддржува поврзување со системот на возила „Tai 7“, овозможувајќи соработка на повеќе екрани, објавија кинеските медиуми.
„BYD“ не објави дополнителни информации за таблетот. „Tai 7“ ќе се појави во продажба во четвртиот квартал, а вчера првиот масовно произведен хибриден „SUV“ модел „Fang Cheng Bao“ излезе од производствената линија. Овој модел е втор во серијата „Tai“, по „Tai 3“, и е повеќе фокусиран на потребите за градско возење.
Развојот на сопствениот таблет од страна на „BYD“ доаѓа во време кога кинеските потрошувачи сè повеќе ја ценат поврзаноста во информациските системи на возилата. „Xiaomi“ и „Huawei“ се сметаат за лидери во обезбедувањето супериорни искуства во оваа област, со оглед на тоа што тие веќе се гиганти во потрошувачката електроника.
Ова не е единствениот бренд што се обидува да привлече клиенти преку подобро поврзување на уредите со автомобилите. „Niо“, на пример, веќе издаде две генерации на „Nio Phone“.



