ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата го затега обрачот околу градежнииот сектор!

Државата го затега обрачот околу градежнииот сектор!

Државата почнува сериозни истраги во градежниот сектор за откривање на евентуални прекршувања за законот за платежни услуги, и за користење на црни пари во бизнисот. Нереално високите цени на становите ги принуадија властите во нов обид да го прочешлаат овој дел од економијата.

Прво министерот за транспорт на градежниците им најави дека преку изградба на државни станови ќе се обиде да направи зрела конкуренција и можност младите брачни парови да купат стан по реални цени. А дека цените не се реални веќе излегоа и од синдикатот на градежници кои велат дека не се за толку пораснати платите во градежниото сектор колку што порасна квадратниот метар особено во Скопје.

Мактеријалите вече се продаваат по цени кои се стабилизирани подолг период. Сега на ред е УЈП која се пушта во значителна акција во проверка на финансиското работење на градежнирте фирми, по сериозните наоди на Народната банка во која лично гувернерот соопшти дека половина од становите се купувале во кеш.

Од Управата за јавни приходи велат дека според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на актуелните пазарни трендови, зголемената побарувачка за недвижности и зачестеното плаќање во готово. Даночниците започнале активности уште на почетокот на година за сузбивање на негативнитe дејанија во овој сектор и со цел подигнување на даночната свест и поттикнување на доброволна усогласеност.

Првите активности на УЈП биле средби со компаниите од градежниот сектор и водење на едукативни средби со фокус на правилна примена на даночните прописи. Потоа во соработка со претставници на Стопанските комори се одржале и консултативни состаноци со цел зајакнување на институционалната соработка и размена на информации. Имало и потреба дури и од појаснување на одредбите од даночните закони и усогласено работење на компаниите од градежен сектор според регулативите. Од УЈП сметаат дека овие активности претставуваат основа за даночно усогласено работење на обврзниците од овој сектор.

„Управата за јавни приходи потсетува дека, согласно важечките законски прописи, првиот промет на станови во рок од пет години по изградбата подлежи на оданочување со повластена стапка на ДДВ од 5%. По истекот на пет години, прометот е ослободен од ДДВ, но без право на одбивка на влезниот данок, што подразбира обврска за корекција кај обврзниците кои претходно го одбиле истиот. Управата за јавни приходи достави 318 персонализирани известувања до таргетирани даночни обврзници од градежниот сектор, со кои ги повика да извршат корекција на одбивката на влезниот данок на додадена вредност (ДДВ) во вакви случаи. Оваа мерка има превентивен карактер и овозможува усогласување со законските обврски, со цел избегнување на санкции и дополнителна постапки за контрола“, велат од УЈП.

Даночниците лоцираа и потенцијални ризични состојби кон кои започнаа со превентивни мерки. Од УЈП соопштија дека на мета им се продажбите на објекти по истекот на пет години од нивната изградба, потоа договори со нереално ниска продажна вредност, непријавени вработувања и ангажмани, случаи во кои има значителни разлики меѓу реалниот обем на изградба и пријавените приходи од продажба, издавање фактури без прибелешки во јавните книги.

„Целта на овие контроли е откривање и санкционирање на даночни неправилности, заштита на буџетските приходи и обезбедување фер услови за сите учесници на пазарот. Апелираме до сите градежни компании и инвеститори да ги прегледаат своите финансиски и даночни практики и да обезбедат усогласеност со законските прописи. Доброволното даночно усогласено работење придонесува за фер конкуренција, заштита на буџетот и јавниот интерес, градење доверба во институциите и економскиот систем, подобра деловна репутација и предвидливост во работењето“, соопштија од УЈП.

Ваквите активности на даночниците земаа замав по изјавата на гувернерот Трајко Славески кој соопшти дека дури половина од становите се плаќаат во готовина.

„Според она што го добивам како информација, проценка, околу 50 проценти од новопродадените станови се купуваат на кредит, другите 50 проценти се во готовина. Ние немаме сознанија од каде доаѓа таа готовина, дали е од заштеди, дали е од некои приливи за коишто не сакаме да зборуваме, има други институции коишто треба да го утврдат, секако и Народната банка“ изјавио гувернерот Славески.

Со цени од по три илјади евра за метар квадратен секој ќе се сложи дека постои голема нереалност во однос на квалитетот на живот кој го нуди Скопје. Градежниците велат дека таа цена е за луксузна градба, а просечната цена се движела од 1500 до 2 200 ева за квадрат зависи во кој дел од главниот град и во кој дел од изградбата на објектот се плаќа.

Сепак синдикалците од овој сектор веќе посочија дека реални цени треба да се симлат со образложение дека до толку не се платени градежните работници кои и натаму заминуваат не само на градилиштата низ регионов туку и во европските држави. Причината се разбира е повисоката плата.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП