ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Нема да има царини за злато

Трамп: Нема да има царини за злато

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД нема да воведат царини за увезено злато, со што ги растера стравувањата од нарушувања на светскиот пазар на скапоцени метали.

„Златото нема да биде предмет на царини!“ напиша американскиот претседател на платформата Truth Social, ставајќи крај на неколкудневната неизвесност предизвикана од одлуката на Царинската и гранична заштита на САД (CBP) минатата недела за нови увозни давачки за широко користени златни прачки, објавува Financial Times.

По објавата на Трамп, цената на златото на спот пазарот во Њујорк падна за 1,2 проценти на 3.357 долари за унца (31,1 грама), додека фјучерсите за злато во САД паднаа за околу 2,5 проценти на 3.407 долари. Главниот договор Comex го забележа својот најголем дневен пад за три месеци, завршувајќи со тргување со 86,60 долари пониско на 3.404,70 долари.

Интервенцијата на Трамп дојде неколку дена по веста дека САД ќе воведат тарифи за златни прачки од еден килограм, што ги зголеми фјучерсите на рекордни 3.534 долари за унца. Во петокот, Белата куќа објави нова извршна наредба за објаснување на планот за тарифи за злато, што пазарот го сфати како сигнал дека таквата давачка ќе биде ублажена или елиминирана.

Веста за одлуката на CBP минатата недела ги изненади трговците и предизвика невообичаено широка разлика од повеќе од 100 долари помеѓу цените на фјучерсите и лондонскиот спот пазар, бидејќи банките, рафинериите и трговците брзаа да го обезбедат скапоцениот метал за испорака.

Швајцарија, која преработува околу 70 проценти од светското злато, се сметаше за особено ранлива, особено откако одлуката на ЦБП дојде само неколку дена откако швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер не успеа да постигне трговски договор со Трамп за ублажување на високите американски тарифи за нејзината земја. Голем дел од швајцарското производство оди на американскиот пазар за инвестиции и индустриски потреби.

Ова е прв пат САД да се заканат со воведување тарифи за злато, производ кој традиционално е ослободен од вакви мерки поради неговата улога во финансискиот систем. Одлуката се чинеше како пресврт во однос на изјавата на Белата куќа во април, кога беше кажано дека златото ќе биде ослободено од широки трговски ограничувања. Аналитичарите предупредуваат дека епизодата би можела да ги пренасочи глобалните текови на злато и да ја ослабне позицијата на Њујорк како најголем пазар на фјучерси за злато во светот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП