Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 04.08.2025 година.
Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за еден половина денар за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,00 денар за литар.

