„OpenAI“ одлучи повторно да го овозможи моделот „GPT-4o“ во „ChatGPT“ по бранот незадоволство од корисниците.
Само еден ден откако компанијата го претстави „GPT-5“ како стандарден модел и ја отстрани опцијата за избор на постари верзии, корисниците се пожалија дека новата верзија е „поладна“, помалку емпатична и лишена од личниот тон што го карактеризираше „GPT-4o“.
Отстранувањето на опцијата за избор на модел ги наруши рутините на многу претплатници, а некои од нив ги откажаа своите „Plus“ претплати како резултат на тоа.
По бројните коментари на социјалните мрежи, извршниот директор на „OpenAI“, Сем Алтман, објави дека „GPT-5“ ќе биде дополнително подобрен и дека компанијата ќе биде потранспарентна во врска со тоа кој модел одговара на барањата на корисниците во иднина.



