Во текот на 2025 година во Истра, една од туристички најактивните региони во Хрватска, се бележи значителен пад во бројот на Германци, традиционално најплатежните и најбројни туристи. За тоа време, се забележува раст на посетители од Полска, Романија, Италија и Русија, групи кои, според луѓето од теренот, оставаат помал буџет во најјаката сезона.
Во мај 2025, Германците донеле 43% помал број на ноќевања во Истра споредено со мај 2024 година, според државниот завод за статистика на Хрвватска.
Што може да се слушне од локалците?
Многу жители зборуваат дека во оваа сезоне не забележале доволно Германци или Австријци, оние кои вообичаено трошеле повеќе пари. Наместо нив, доминираат туристи од источна Европа и Русија, кои според локалните угостителски и хотелиерски работници, немаат исти буџети и не патуваат толку престижно. Тој контраст е особено впечатлив во ресторани, продавници и туристички услуги.
Истра сè уште привлекува голем број на туристи, но падот на најпрофитните пазари загрижува.
Ова не е само статистичка промена, туку ова е економска болка за пазарите зависни од трошење на туристите. Истра се соочува со предизвик околу тоа како да ја замени високоплатежната публика со проекти кои ќе ги поддржат локалците и услугите во втората половина на сезоната.
Редакцијата на Денар ќе продолжи да ги следи овие промени од терен преку интервјуа со хотелиери, споредби во просечни приходи и стапка на пополнети капацитети.
С.Б.



