ПочетнаЕКОНОМИЈАИТ бумот заврши, каде сега? Македонскиот пазар на труд во пресврт

ИТ бумот заврши, каде сега? Македонскиот пазар на труд во пресврт

До пред само неколку години, ИТ индустријата во Македонија изгледаше како златна карта, со плати далеку над просекот, услови што другите сектори не можеа да ги понудат, како и константен прилив на нови проекти од странство.

Многу талентирани луѓе од банкарството, осигурувањето, па и од државната администрација, ја напуштија „сигурноста“ за да влезат во светот на брзи пари и динамични технологии.

Но, балонот пукна. Намалената глобална побарувачка, конкуренцијата од поевтини пазари и затворањето на повеќе ИТ компании ја променија сликата преку ноќ. Проектите се поретки, буџетите поограничени, а дел од компаниите веќе го намалија бројот на вработени.

Сега гледаме нов тренд, а тоа е дека луѓето кои пред неколку години заминаа од традиционалните индустрии се враќаат назад. Банкарството, осигурувањето, телекомуникациите и другите сектори повторно стануваат атрактивни, не поради високите плати, туку поради стабилноста и предвидливоста.

Ова е важна лекција за сите, дека пазарот на труд е динамичен, а вечни трендови не постојат. Балансот помеѓу високите примања и сигурноста никогаш не бил поважен.

С.Б.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП